„Screwdriver“ е уживање во совршен сок од портокал во коктел. За возвишен вкус, изберете врвен цитрус и третирајте го со вниманието што го заслужува. Во домашна кујна, рачна цедалка за цитрус е изборот за вас. Ако цедите за „гужва“, електричен соковник е вистинскиот начин на припрема.
Сѐ што ви е потребно е цитрусно овошје, вотка во мали количини (колку да ви се разбудат чакрите) и кора од портокал или друго „јужно“ овошје за декорација. И се разбира, голтајте капка по капка во преубава, по можност- кристална чаша.
Уживајте!