Често се плашиме од оној работен Понеделник, па едвај го чекаме виендот. Но, дали стресот околу часовите и времето кое го поминуваме на работа е воп нашиот ум или навистина се случува? Од тука, дали долгите работни часови се вистина или предизвик?
„Еден човек отишол во рајот и се било убаво, преубаво. Море, жито, неповторливи бои, блескава сончева светлина, превкусна трпеза. Поминувале денови , месеци во вистинско блаженство. Но, еден ден човекот рекол: „Господе, умирам од досада“. Така одлучил да го заврти бројот на „ шефот на рајот “ за да го преместат во пеколот со претпоставка дека таму можеби нешто ќе се случува и нема да ја живее оваа екстремна досадност, но не добил повратно „ало.“ Од другата страна на линијата се јавил Луцифер, човекот се пожалил, а Луцифер одговорил: „Не разбирам, Вие веќе сте во пеколот.“
Освестете го моментот на одговорот кој ќе ви даде искрена насмевка на изразот на лицето. Вие сте на вистинското место и во вистинско време на задоволство. И долгите часови нема да бидат така долги, доколку не создавате одбивност кон работата. Заземете став дека она што го работите ви отвора врати за нови потфати и проекти и секако свежи можности.
Сето тоа го креирате додека го пиете кафето со колегите, разговарате, дебатирате и конструирате. Кога одеднаш, сте завршиле многубројни задачи со неповторлива леснотија и чувство на задоволство. Кога вашиот поглед за момент ќе се фокусира на часовникот, ќе бидете изненадени. Работното време веќе поминало.
И само во отсуство на популарната изрека „Кој ќе си ја мачи душата и умот осум саати“ ќе се случи задоволство, чувство на исполнетост, одважност и секако поголем поттик за извршување на работните задачи во утрешниот ден и деновите потоа.
Вие во овој момент создавате иднина од соништата за вас самите, за вашето дете, за вашиот партнер и вашите сакани, само и само со вашата неуморна волја и зацртана цел . Исполнетоста при работата на вашето работно место ја зголемува самодовербата, ве надградува, носи прогрес и ве прави подобра и поуспешна личност со преубави човечки карактеристики.
Уживајте во друштвото на колегите и споделете го овој текст со нив како парадигма на она што се нарекува: Јас и ти сме креатори на неповторливи моменти. Вашето задоволство е и мое.
Автор: Р.М.