Сите сакаме ќофтиња. Кој не би одолеал на вкусно ќофте? Има ли таков „неапетитлија?“
Ќофтето е обожавано во многу култури под различно име и различни варијации .Содржината на ќофтиња се од неколку состојки кои може и не мора да се вклучени во рецептот и се приготвуваат заедно. Од тие причини , ќофтето е економично и практично и не бара задолжителни состојки. Во смесата при приготвувањето, имате слободен избор да ставите зеленчукови производи по желба како и зачински билки.
Ќофтето на кое што ние му се „гостевме“, предлагаме да го имате на вашето мени. За ова ќофте, потребно и непоходно е:
500 грама мелено месо,
1 јајце,
1 кромид,
2 лажици презла,
2 лажици брашно,
3 лажици доматно пире,
4 лажици масло,
1 лажица магдонос,
зачини по желба: сол, бибер, зеленчук.
Исечкајте го кромидот, додадете го месото, јајцето, презлата, малку бибер, сушениот зеленчук, солта, една лажичка пипер и малку магдонос. Измешајте сè и месете околу 5 минути. Месото од ќофтињата ќе биде лепливо.
Време е за валкање на рацете. (па како поинаку би изгледало тоа во кујна?)
Со рацете формирајте топчиња. Внимавајте ќофтињата да не се преголеми, бидејќи така средината нема добро да се испржи.
Додека ги правите ќофтињата загрејте го маслото во длабока тава. Намалете ја температурата и ставете ги ќофтињата да се пржат. Протресете ја тавата и завртете ги ќофтињата. Не е неопходно да се врти секое поединечно, освен ако не забележите дека месото внатре е живо. Ќе знаете дека ќофтињата добро се пржат кога ќе се појави кора од сите страни.
Доаѓа мераклискиот момент. Време е за подготвка на сосот за ќофтиња.
Сосот можете да го подготвите во тавата во која се пржеа ќофтињата. Ова е добро, видејќи значи дека нема да извалкате повеќе садови при подготовката. Ќофтињата префрлете ги на едната страна, за да има само масло од другата страна. Ставете го брашното таму и измешајте ги маслото и брашното како да правите паста. Потоа додадете пипер и сè убаво измешајте.
Следниот чекор кога го правите највкусниот сос од ќофтиња е да го измешате добиениот сос со ќофтињата. Но, тоа не е крајот, сепак треба да ги додадеме состојките кои ќе го направат овој сос вкусен.
Во смесата со сос од ќофтиња додадете 3 лажици доматно пире. Можете да купите доматно пире во тегли, или да го направите сами.
Потоа ставете уште малку свеж магдонос, бибер, сол и други зачини по желба. Намалете го огнот, само за да се динста сосот од ќофтиња. Покријте ја тавата со капак и оставете ја така околу 10 минути. Ќофтињата се подготвени!
Можете да ги комбинирате со варен ориз, шпагети или пире од компири. Одлично одат со секој од овие прилози.
За крај наздравете за уште една хедонистичка и гурманска приказна со посебен потпис кој ќе го ставите вие. Уживајте!
Добар апетит!