„Добра ноќ Џун“  – Предлог книга за еден убав есенски ден во вашата библиотека

Добра Ноќ Џун

„Добра ноќ Џун“  е една приказна во имагинарна верзија

Главниот лик на оваа предлог книга за вас „Добра ноќ, Џун“, е Џун Андерсен. Имено, во оваа приказна која ни ја препорача Books House, таа е успешна на професионално поле, но не е среќна и реализирана личност на приватен план. Во една прилика, неочекувано е повикана во врска со наследството на нејзината почината тетка Руби. Андерсон  се наоѓа во ситуација кога треба да донесе одлука која е врзана за судбината на детската книжарница. „Сината птица“, Руби ја основала во четириесеттите. Љубопитноста на Џун ја доведува до откривањето на писмата кои си ги пишувале Руби и покојната Маргарет Вајс Браун. Оваа вредна документација пронајдена во книжарницата, прави Џун да зачекори во страниците на американската литература.

За да дознаете какви ќе бидат нејзините понатамошни чекори, разбудете ја вашата љубопитност низ страниците на оваа возбудлива книга на Сара Џио, автор на 8 бестселери според Њујорк Тајмс.  

Есента е прекрасна за книги. Совршено годишно време за да се стоплите во вашата домашна библиотека, над вашата фотелја во вашето омилено катче. Да се покриете со ќебе, се разбира да уживате во миризбата на кафе и чај и да ја читате омилената книга. верувајте оваа е многу блиска до тоа.

Добра ноќ Џун
Dobra nok Djun
good night june sarah jio