„Ако сретнете бел коњ, ќе изгубите пари“ – Народни верувања

narodni veruvanja народни верувања

Постојат многу народни верувања кои се поврзани со сето она што ви носи среќа или можеби несреќа. На интернет, наидовме на некои верувaња поврзани со животните. Мораме да забалежеме, дека некако се повеќе се става фокусот само на црните мачки, но што се верува за другите животни? Кои од нив носат среќа, а кои можат да предвидат немили настани. Ако сте од оние суеверни типови или можеби само сакате да ја „нахраните“ вашата љубопитност, прочитајте подолу во текстот што значат одредени актови на животните. Што всушност можат да предвидат нивните постапки? Се надеваме дека ќе откриете нешто што не сте го знаеле.

Според некои народни верувања, штом гаврани летаат околу куќата, се верува дека доаѓа смрт.

Ако слушнете страчка блиску до вашиот дом, очекувајте гости.

Ако ластовици направат гнездо на покривот од вашата куќа, тие носат среќа.

Според народните верувања, не треба да убивате змија пред прагот на вашиот дом бидејќи таа ќе донесе лоша среќа.

Доколку на пат сретнете бел коњ, ве очекуваат непредвидени трошоци.

Се верува дека мачката има исцелителна моќ, па ако таа сака да седи во скутот на некој човек и трча околу него, таа ја превидува болеста и се обидува да му помогне.

narodni veruvanja
народни верувања

Се претпоставува дека ако навечер се појави був во близина на куќата, тоа е лош знак.

Ако некое туѓо куче или мачка ви дојде дома, во вашиот двор, ќе ве прати среќа во наредниот период.

Ако најдете потковица или парче од неа, тоа ветува среќен и продуктивен ден.

Ова сигурно го знаете: „Ако слушнете завивање на кучиња, очекувајте несреќа.“

народни верувања
narodni veruvanja

Ако на пат сретнете куче, денот ќе ви биде успешен. (Без да се сфатиме погрешно, ништо против овие животни, но веројатно затоа сме ние толку многу позитивни)

Извор