Сара Џесика Паркер во сандали со различна боја 

shara jesica parker сара џесика паркер

Во сандали со различна боја-една балетско-розова и една црна – Сара Џесика Паркер на Сити Балет во Њујорк/23  

Сара Џесика Паркер е еден од ко-презентерите на Essential Gala/23 кој се одржува во центарот на Линколн во Њујорк. Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик, беа гости на гала настанот, а она што ги изненади гостите беа нејзините сандали.

Нивната модна координација резултираше со црна комбинација. Класичниот смокинг- костим на Метју беше комбиниран со бела кошула и црн лак. Тој совршено парираше на црниот фустан (Каролина Херера) на Сара, чиј долен дел збогатен со тул , оддаваше впечаток на балерина.

„Се сеќавате? Кери Бредшо отсекогаш го сакаше балетот. И во реалниот живот, SJP е долгогодишен фан на Њујоршкиот балет.“ – не потсетува авторот Christopher Luu во InStule. „Balletcore се среќава со Сексот и градот“ – нагласува Luu на веб-страницата InStule.

Драматичната сатенската црна машна во косата на Сара, паѓаше речиси до земја, но сепак тоа не е она што како магнет ги привлече погледите на присутните на гала настанот. Појавата на Паркер особено го привлече вниманието со сатенските сандали во различна боја од сопствениот бренд SJP. Овој специјален модел на сандали со тенка висока потпетица , тркалезен метален нос и блескави камења, се појавува токму така, во различна боја.

И кој друг би ги презентирал сандалите во различна боја како „модно изненадување“, ако не, Сара Џесика Паркер која како ниедна друга актерка умее да го оживува својот омилен лик – Кери Бредшо, каде и да е присутна. Во нејзин стил, овојпат со потпис „неусогласени чевли“, на задоволство на фановите.

Извор