Бoгаташи и сиромаЈ! – Од стално имало и ќе има!
Порано имаше само Љуѓе. Барем ние ко растевме… М? Или ај да не ја претерваме и ние си имавме трауми од детството. Стално имаше некоја тетка шо ќе ти ја земеше од раце играчката и ќе ти речеше:,,Не пиле. Не е то за тебе. То за син ми е!” Е тие богаташи да ти биле.
Син му на четири-пет години да го прашаше како се вика уште името не си го знаеше. До ,,свит сикстин” уште мамичка му поможваше за до тоалет, за на крај со пасошО под рака на Бора Бора ќе го вИш испраен (без разлика оти мала му е почетната буква на градОјте во реченица)!
На мама и тато ќофтето, во животО натаму ќе сИстури од пуфкање и Ѓом ,,хуманитарец” ќе се прај па ќе разделва по некој чакат по копуците ко нас. Е тој сине ќе биди познат и добар предобар, а ти ќе го…
И ќе дремиш ко мисир дури некоја кокона пак не ти се испрај и не ти ја земи работата пред тебе. ,,Не пиле. Не е ова за тебе. То за син ми е!” Дури не ти ја земи и жената и не ти се искисели од смеење и не те попљука со доста течниоО говор и цело „Би ем даблју“ само в уста шо го има. Како вистински(…И пак ќе речам, и покрај то шо ни еднаш нема голема буква на градојте клавано во реченица. А и ливче од средина не давал на сколија.)
Разгалените богаташи од мали се осеќат. Ги сака учителката, за нив стално можи да има слободен час, живи се, прехиперактивни и исфорсирани само да привлечат внимание и да бидат нумеро Уно во класО! Потоа се главни на работното место, во кафичО на сепаре! Вчегват преку ред сегде , а во меана секогаш седат на чело и забележват:,,Извини дечко, кармин има на чашата! Дај молимте да не те враќам на секое!” и фала Богу никако оставање бакшиш.
Кај сиромајО па, комлекси има и арно инстаграм шо се појави шо можи да ја замати сликата и тро со фото шоп да изгледа оти и кај него крцка. И со две по пет во џебО и тој ќе оди со него оти другар му бил. И со празен новчаник и ќе го части синката ако треба и… Само мир да има во светО.
Море све то треба да се уништИ! Нека ја почни некој арката. Најавија оти ќе врнело баги!