Време е за холивудско известување. Компанијата А 24 објави нов трејлер за филмот „Присила“
Во „Кралот на рокенролот“ настапува Кејли Спаени како Присила Присли и Џејкоб Елорди како Елвис Присли. Софија Копола го напиша и режираше овој филм врз основа на мемоарите на сопругата на Елвис. Имено нивниот брак не траел мнгоу долго, но ќе остане запаметена љубовна приказна.
Во своите мемоари – „Елвис и јас“ таа раскажува за нејзиниот живот со Елвис од првата средба до разводот.
„Многу е тешко да се седи и гледа филм за тебе, твојот живот и твојата љубов“ – подвлече таа додека го промовираше филмот на Венецискиот филмски фестивал и додаде: „Софија заврши неверојатна работа. И навистина дадов сѐ што имав само за неа.“