Фотографии од Чарли Чаплин без неговиот познат костим, мустаки и шапка

чарли чаплин филм

Чарли Чаплин бил најголемиот уметник во филмската сцена. Неговиот живот е навистина инспиративна приказна, а тоа го потврдува фактот што започнал од ништо. Неговотo детство било доста трауматично, па кога сите соученици оделе на училиште, тој морал да заработува за живот. Неговата мајка била танчерка и пејачка, но откако го изгубила својот глас, Чарли Чаплин за прв пат се качил на сцената уште на пет годишна возраст, пеејќи пред публиката која всушност обожавала да го слуша.

Кога имал само 9 години, познатиот уметник за прв пат ја насмеал публиката со своја етида во која емитирал мачка. Од тука бил забележан неговиот талент, а на 14 години, актерот за прв пат започнал да работи во театар. Наскоро му била доверена улогата на гласникот Били во претставата „Шерлок Холмс“. Најинтересно е што Чаплин во тоа време не знаел ни да чита, поради фактот што едвај врзувал крај со крај и наместо да ги посетува часовите, работел на различни места. Неговиот брат бил оној кој му помогнал да ја научи улогата.

По извесно време бил забаележан неговиот талент, па Чаплин се преселил во Америка, а набрзо потоа, сфатил дека може многу повеќе од неговите „претпоставени“, па започнал сам да пишува филмска историја. Она што е интересно е што веднаш кога помислуваме на Чарли Чаплин, се сеќаваме на оној човек со широкиот костум и огромните чевли. Се разбира и црните мустаќи. Всушност Чаплин го создал сам овој костум, а мустаќите по кои и денес го препознаваме, ги нацртал во еден момент кога во отсуство на шминкер, морал да импровизира и сам да се нашминка. Така го создал најпознатиот комичен лик.

Но, актерот всушност не бил толку комичен во приватноста. Изгледал убаво и отмено, а токму тоа зборува за талентот за неверојатните трансформации во првите популарни филмови кои се прикажувале во кинотеките ширум светот. Погледнете како Чаплин изгледал „надвор“ од неговиот костим.