Совршена измама – Најбараниот ресторан во светот, всушност не постои

ресторан restaurant

Немало слободна маса „ни за иЉач“! Чекале резервација во најбараниот ресторан година дена, а потоа се шокирале!

Во светот, слободна маса во рестораните, нема „ни за иљач“. Листата на чекање е сѐ почеста појава. Кој чека ќе дочека. Во чекањето не е проблемот и вака и онака, животот ни е на чекање. Проблемот е дали тоа што сме го дочекале, е точно тоа што сме го барале? Приказната на девојката која успеала да резервира маса за вечера во ресторан на Uppet East Side во Њујорк, не го кажува тоа. Без ниту мала доза на сомнеж, целосно му поверувала на одличната оценка и рецензии за ресторанот на интернет. Всушност, овој ресторан бил една  „голема шега“ која ги преминала сите граници на дрскост. Имено, млада група луѓе кои живееле во заедничка куќа, измислиле име на ресторанот по името на својот другар Merhan. И ресторанот го „крстиле“ -Merhan Steak House. Пријателите, на интернет му давале високи оцени и рецензии на овој ресторан.

restoran 
ресторан

Се соживеале со целата приказна и решиле да направат ресторан за една вечер!

900 Луѓе се запишале на листата на чекање.

Минатата недела, 140 добиле повик дека има слободна маса во ресторанот. Поголемиот дел чекале за резервација, повеќе од една година. Просторот за настани што го изнајмиле, изгледал реално. На ѕидовите имало и слики на кои Кенеди јаде оброк, лажни стари менија и биста од нивниот другар Мерхан. На листата на јадење се наоѓал и „лудиот оброк “ инспириран од животниот циклус на кравите. „Сопствениците“ изрежирале и лажно запросување. Биле присутни и лажни фанови пред ресторанот. „Келнерите“ биле дваесет  годишни момци без „пет минути“ работно искуство.

А гостите? Гости како гости, ќе дојдат, ќе видат или ќе добијат или ќе изгубат. Нема друга опција.

И ова се случува, кога фантазијата ќе те одведе таму каде што не треба, кога шегата ќе ги премине нормалните граници и ќе се измеша реалното и имагинарното. И ако сте резервирале слободна маса во некој ресторан, откажете. Подобро, седете си дома и сами направете си ручек или вечера, барем ќе знаете што јадете и што пиете. Или можебии ова го велиме, за да ни е полесно.