Како изгледа денес актерот Тони Шабул, популарниот детектив од серијата „Монк“

серијата „Монк“

Американскиот филмски и телевизиски актер Тони Шалуб, во раните 2 000 ти, беше еден од омилените ликови на ТВ екраните. Неговата улога во серијата „Монк“ како опсесивно-компулсивен детектив, Адријан Монк остана запаметена кај публиката. Детективот му помагаше на полицискиот оддел во Сан Франциско при решавањето на сложените случаи. Неговата мисла во улогата на детектив, веднаш  се преточуваше во акција, што го правеше ексцентричен лик. Тони Шабул беше главен актер и режисер на серијата  „Монк“.

серијата „Монк“

Денес,  69 годишниот актер живее надвор од љубопитното око на камерите. „Нема профил на социјалните мрежи и ретко може да се види. Сепак, „забележан е пред неколку месеци во Њујорк со побелена кадрава коса и очила“- пишуваат медиумите. Неговата сопруга , денес 74 годишната Брук Адамс, споделува „исечоци“ од приватноста на актерот за неговите обожаватели. Дознаваме дека Шабул, неколку пати станал дедо. Девојчињата што ги посвоиле Тони Шабул и Брук Адамс откако се венчале во 1992 година,,  денес им ја подариле најубавата среќа  на овој прекрасен брачен пар, да бидат баба и дедо.

Најверојатно, актерот ужива во семејната среќа. Можеби повторно некаде ќе го забележиме и ќе се радуваме на неговата интимна среќа.

Во продолжение, погледнете како изгледаат и останатите актери од познатата серија денес. Времето поминува иако кога гледаме на екраните, имаме чувство како сѐ да се случува сега.