Во домот на париските дами – Идеи за француски стил на уредување

француски стил енетериер

Украсувањето на вашиот дом во стилот на домот од Париз е вистински  предизвик. За да бидете чекор поблиску до остварувањето на „француски дом од соништата“, без разлика на кој меридијан од светот живеете, првично  обрнете внимание на архитектонските карактеристики: антички камин, паркет дрвени подови, високи тавани и француски прозорци (со висина од подот до плафонот).

француски стил

Овие карактеристики е тешко да се најдат надвор од Париз, но кога е во прашање  „дом од соништата“,  би можеле да се создадат. Во суштина, дрвените подови лесно можат да бидат присутни и во вашиот простор на живеење. Вие само додајте карактер и шарм.

Поставете големо барокно огледало како она од Antropologie и избор од Etsy на вашата комода (не го закајчувајте на ѕид). Распостелете перници од кадифе на вашата софа. Постелете барем една столица со кадифе и „одете на беж боја“.  На вашата масичка за кафе – поставете сувенир од неодамнешното патување или пак  вреден спомен како уметничка слика. И секако, отворена книга за читање.

Страницата на книгата за кратко време ќе биде завртена. И другите страници ќе ги затворат кориците низ следното уживање. Ќе побараат нова, возбудлива, реплика со призвук на OLALA, MAGNIFICENCE! Уживајте  во домот во кој сте создале париска атмосфера. И не заборавајте што е автентично за вас.

Извор

пишува: Ромина Марковска