Денес имаме пристап до многу рецепти. На социјалните мрежи особено се интересни оние штосни видеа кои преку брза постапка не носат до финално кулинарско задоволство. Токму овој рецепт е вистинска магија што лесно се подготвува, а финишира во фантастично мезе.
Таканаречениот компир со пармезан моментално е еден од најбараните рецепти. Станува збор за мали компирчиња кои не се лупат, варат и се сечат на половина, а потоа се редат во плех над мешавина од маслиново масло или путер и пармезан. После печењето очекувајте неодолива гурманска приказна што ќе ги разгали сетилата.
Забелешка: Печените компири треба да имаат крцкава текстура со златна кора одозгора и пармезан на дното. Можете исто така да додадете и пикантни зачини по ваш вкус како чили, оригано… (Уф ќе го заборавевме основното: сол и пипер) или што и да ја задоволува вашата хедонистичка фантазија. Би напоменале дека при подготовката е важно да избегнувате сè што би можело да ги навлажни компирите, бидејќи кората ќе ја изгуби својата крцкава текстура. Уживајте во афтентични рецепти и разбудете ги сите сетила.