НАЈБАРАНАТА ЈАКНА ЗА ЕСЕН 2023 СЕ КРИЕ НА ПОЛИЦИТЕ НА ZARA STORES. ИТ девојките веќе го вклучија овој модел во својата гардероба
Зара е местото каде моментално се наоѓа најбараниот модел на јакна за есен 2023 година. Есента е пред прагот, а токму есенската мода по улиците веќе се препознава. Не шармираат нејзините бои и едвај чекаме на себе да го облечеме нејзиното специфично и уникатно есенско руво.
Инаку, актуелното стилско решение, кога станува збор за јакните, е моделот на брендот Зара. ИТ девојките веќе го вклучија во својата гардероба.
Се работи за кратка бомбер јакна во темно сина нијанса. Практичниот модел лесно се прилагодува на различни стилови на облека и прилики. Подеднакво добро функционира и за дневни и за вечерни пригоди.
Не е чудно што во денските кежуал модни верзии, освен што оваа јакна ја комбинираме со џинс и патики, исто така под неа можеме да облечеме и лелеав фустан. Миксот на романтично и удобно или на женствено и п малку машко, одамна е ин.
Бомбер јакната, за вечерните прилики пак, се комбинира со кроп топ, тесни или широки фармерки и високи потпетици. Се разбира, над сето тоа не смеете да ги заборавите аксесоарите и модните додатоци кои ќе му дадат посебен стилски финиш на целосниот моден изглед.