ПОСТРАШНО ОД НЕВЕРСТВО – ШТО Е ЉУБОВНА МАНИПУЛАЦИЈА?

љубовна манипулација

Сте слушнале ли за љубовна манипулација?

Неверството секогаш го сфаќаме како кулминациона точка во врската кога револтот е се поголем и разочарувањето се предимензионира. Но, дали е таа најголемата болка или после неа може да следи уште една која верижно би се надоградила и станува навика кај партнерот, а кај вас се оформува во соочување со болката. Што е љубовна манипулација?

манипулација љубовна

ВРЕДИ ЛИ НЕКОЈ ДА ВЕ МАНИПУЛИРА?

Доколку сте претрпиле неверство од страна на партнерот, погледнете ги можностите во кои се наоѓате и конечно разберете дека се соочувате очи во очи со голем проблем кој може да има верижни последици кои ќе се повторуваат. Ако одлучите да простите, најпрво зaпрашајте се КОМУ му простувате и дали таа особа кој ве повредила, вреди да продолжите понатаму. Потоа запрашајте се за околностите. Кој е оној кој ќе пати од раздeлбата. Вашето минато, вашата сегашност или вашата иднина? На крај, ако веќе простите, запрашајте се дали тој чекор сте го направиле токму вие или едноставно, само ве изиграле или можеби изманипулирале.

љубовна манипулација

НАВИКА НА БОЛКАТА

Не дозволувајте да навикнете на болката. Претпазливо резонирајте. Не се оттуѓувајте од себе си, а притоа не станувајте одмаздливи, затоа што единствената одмазда е всушност да не се одмаздувате. Во спротивно ќе креирате некое друго его кое е далеку од она што го мислите вие.

МОЖЕБИ ПАРТНЕРОТ НЕ Е ОНОЈ КОЈ ВЕ МАНИПУЛИРА, ТУКУ ТОА ПРОДОЛЖУВАТЕ ДА БИДЕТЕ ВИЕ

Ако веќе сте одлучиле да простите, тоа не значи да ја користите ситуација и сите „карти“ да се во вас. Затоа запрашајте се кого манипулирате. Него или себе си? Се лажете дека љубите или навистина љубите?

За крај, после секоја грешка можеби следи простување, но ако манипулирате или ве манипулираат, можеби повеќе боли.