„Политиката е вицот на историјата.“ – Ексцентрични цитати на Салвадор Дали

политиката е вицот на историјата

„Политиката е вицот на историјата.“ – Ексцентрични цитати на Салвадор Дали

Салвадор Дали – Легендарен шпански уметник, протагонист и сликар на надреализмот. Всушност и самиот вели:,,Надреализам, тоа сум јас! “, а за потиката знаеше да забележи „Политиката е вицот на историјата.

Неговата ексцентрична природа, всушност би рекле дека е толку сурова за ,,обичниот” човек токму поради фактот што е токму толку сурово и суетно реална.

,,Скромноста не е моја најголема доблест” потенцира Дали, а што понатаму зборуваат неговите вонвременски цитати што сигурно ќе ве замислат, прочитајте во следните редови.

„Има само една разлика помеѓу мене и луд човек. Лудиот мисли дека е нормален, јас знам дека сум луд.“

„Интелигенција без амбиција е птица без крилја.“

„На шест години сакав да бидам готвач, на седум Наполеон. Оттогаш мојата амбиција постојано расте.“

„Јас не сум чуден. Јас само не сум нормален.“

„Има само една разлика помеѓу мене и луд човек. Лудиот мисли дека е нормален, јас знам дека сум луд.“

„Политиката е вицот на историјата.“ – Салвадор Дали

,, Секое утро кога ќе се разбудам, најмногу му се радувам на сознанието дека јас сум Салвадор Дали.“

„Кога жената на мажот му купува кошула, тогаш таа е заљубена во него. Кога ја пегла, тоа значи дека е мажена. Ако пак, за време на пеглањето пее, тогаш таа е и едното и другото.“

„Или е лесно или е невозможно.“

,,Чесноста во уметноста е цртањето. Таму не постои можност за мамење. Или е добро или е лошо.“