Ах тоа некогаш. Тоа ретро… Тоа поблиско и подалечно минато! Од време на време, убо е да се потсетиме, а ако не ги знајте овие работи, касно сонцето сте го виделе. Сори али баги сте пропуштиле.
– Детски игри: царица, билии, ластик, џуџиња, куку топка, пентерење на дрво, пентерење на гаражи, згради, пентерење по ридој. Валкање во кал и песок со отстранет страв оти во калта има бактерии и микрочудовишта.
-Серии:Беверли Хилс, Плажата на залезот,,,Се плашите ли од темнината и фала Богу ,,Касандра” и сите плагијати после неа. Есмералда, Руби, Другата во мене… Да не ги набројваме, нема место во текстО.
-Забрането ѕвонење во 2 поручек оти самото ти кажва време е за ручек, а ко ќе се јавиш, кодекс на однесување… Со сите работи шо не тераја нашите да ги изрецитираме: ,,Добар ден, овде е тој и тој, се извинувам.. Ќе може ли да го добијам…”
– Познавање на Мечето Ушко, балум балум, Шенка и Ѓорги Колозови, моментО да седиш пред телевизор со јадењето и да го глеедаш Гоце Тодоровски ко беше кај меанџијата и си макаше од тие дрвените грниња. За да не ти течат лиги, зато обавезно и ти јадеше пред телевизор (чија антена патем се вртеше на кај,, Тепавце”. ) Шо? И Тепавце не знајте шо е? Ц ц ц… Ништо не прајме со вас. Ко ќе се прелинеше шпрограмата имаше „пречки“, а познат беше и терминот: „Од таму е!“
– Се вртеше телефонски број за да ти кажат колку е сатот.
– Бушава азбука, Весела математика, Пецко, К – 15, книги, весници: Дневник, Време. Навики: театар, кино
(списанија и почисти џамој оти имаше стално весници дома за бришење на стаклото)
– Постери од Леонардо Ди Каприо и Титаник. Постери од Бекстрит Бојс и Спајс Грлс на корицата од блоко број 5.
-,,Мечо возо” од зоолошка, парко кај сатО, Ристо Бомбата. Бомбата, тост со кашкавал, Пелистер, ракомет, фудбал.
-Фичо, Пегле, Југо, застава, стоедно.
-Одмори: со Феријалното, Ливадиште, Охрид, Љубаниште, Градиште кампојте.
-Понашање на плажа и кодекс: Столици, крпи, скара, спидо. Ако си со деца, јако грло и вриштење:,,Не ојте во длабокото и не мо***е во плиткото! ”
-Ретро навика: Слушање музика и постоење на ломплеки, радио, касети.
-Одење во видеотека со членска картичка и изнајмување на филм.
-Поновото ретро: интернет кафе, ,,Гејминг” кафе.
-Постоење на Friday и Suterday night или Петок и Сабота вечер. Забрането точење кафе после 19 сатО!… Не ко сега, се лигајте со лајчето в уста до ноќој и после беренки по дома со дрогите и телефоните. Абре се повраќаше бре! (Ова неубо вака, не оти чинеше и то ама… Друго е стварта, се разбираме)
-Шетање од кафич до кафич и задолжителен афтер со сат чекање пред врата во ноќен клуб. Најак си ако се знајш со бацето пред врата.,,Е тој шо влегваше преку ред во диско и шо си праеше ДА ПУКНИ со обезбедувањето, е тој го чуваше и си го зеде лепотицата.” Три деца имат сега, живеат во гаражА, возат бием даблју, ама имат и еден тетин во Австралија. Се наоѓа и од кај знајш…
-Титкање на мобилен за да си кажиме оти се сакаме. Ако ти титнеше симпатијата, бетер од нова година слава.
-Постоење на: љубов, пријатели, муабет, цаурска цвиќера, кафе без ѕверење во црните кутии(телефони). Постоење на емпатија, другарство, музика, луѓе. Луѓе имаше деца!
Колумните „Битолски муабети“ имаат намера да ја забавуваат и насмеат публиката. Секое пронаоѓање со ликовите и содржината во нив, е случајност.