Џон од Америка или Жан во Париз е Живко во Битола и стално те „тепа“ со битолски (О) муабет:Ти бе знајш кој сум јас?!
Дали имал или немал БИ ЕМ ДАБЛЈУ, битно има батето париНа за да го лигај уште лајчето на Широк Сокак и ти не знајш баш кој е. Како уствари еден битолчанец се претставува? Шо уствари значи фразата и муабетот битолски: „Ти бе знајш кој сум јас?!“
Убо знајме и можи ќе го повториме муабетО, али во Америка би рекле:,,My name is John.”
Во Франција, истиот би се претставил со:,,Mon nom est Jean”.
А во Македонија, Џон или Жан, e Живко. Е тој Живе во Битола, би се претставил: ,,Ти бе знајш јас кој сум?!” или…,,Ти бе знајш јас на кој сум јас?!” и тука сѐ ти станва одма јасно. Или не?
И сѐ е кажано. Или можда и не баш…
До пред некое време сѐ тоа си палеше и жареше. Имотот, наследството… Па татко ти, дедо ти кои биле шо биле… Па прадедо ти оти кабадаја најголем бил и со пајтон се возел ко главен манга во градО и триста свирачи го прателе. Дедо ти оти боем бил и пари напрајл и татко ти шо… Ете да речиме те напрајл.
Али некој во цела ,,екипа” мора да ја љуфни работата. Зошто да не Живе?
Таа црна овца е битен податок за денешното она ,,јас” шо си го „крепиме“ врз база на ништо. Остај ти речнико шо вели. Нити бил тој пајтоно на прадедо ти твој, нити ќе биди. ,,Леле леле види го бебето. Исто ко татко му. Не ле, ко дедо му е. Мене ами на вујко му ми личи”.
Не дај Боже некој да имало (шо непара чини) во фамилијата, одма гените ги кривиш и одма то прадедето криво ти е!
Значи да закључиме…не е битно кој си ти, битно е на кој си! Џабе се барате по интернети, психолози, психијатри, во вестите и на сториња… ,,Ти дете чије си?!” е муабетот!
Али битно небитно, пак на крај завршва со најголемиот генетси код врежан во секој еден битолчанец: ,,Ти бе знајш кој сум јас?!”