Како да ги одберете вистинските мажи и да ги избегнете погрешните?! – „ПАМЕТНИ ЖЕНИ – ПОГРЕШНИ ИЗБОРИ“, е нашиот предлог книга што веројатно ќе ги заинтересира припадничките на понежниот пол. Иако и мажите можеби сакаат да „ѕирнат“ во нивниот ум…
Кои се тие паметни жени на кои им е посветена оваа книга? Тоа се жените кои активно влијаат врз развојот на својата личност. Тие жени секојдневно го живеат женскиот и личен идентитет. Имаат одговорност за својата животна ориентација. Самодоверба во сопствениот систем на вредности и конечно имаат свои правила како „MUST HAVE“ прирачник од кои не отстапуваат.
Секоја промена во врска со машко – женските односи за оваа жена е предизвик и таа влијае врз истата со својот аналитичен ум. Целта на паметните жени е да добијат ефект на: јасна, лесна, смирена, интелигентна, елегантна, реална и конечно комплетна слика на крајот на денот во машко-женската комуникација и конверзација .
Има ли стратегија за остварување на идеална врска? Постојат ли правила за пронаоѓање на вистинскиот партнер? Да!
Во оваа книга на д-р Корнел КОУЕН и Мелвин КИНДЕР ќе ги пронајдете правилата. Ова прашање е често поставувано од страна на женската популација, а во оваа книга веројатно конечно ќе го најдете одговорот и ќе сфатите:
„ МАЖИТЕ СЕПАК СЕ ПРЕДАВААТ ВО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ОБЛИК ВЛАСТ. ПАМЕТНАТА ЖЕНА Е НОСИТЕЛ НА ВЛАСТА.“