Гастрономско несекојдневно искуство – Рецепт од дива шпарога и црвена блитва

Овој пролетен несекојдневен рецепт ни го открива веб -страницата Zara Home, брендот од Шпанија кој нуди солени и слатки задоволства. Откако ќе ја впиете и оваа гурманска содржината, сигурни сме дека ќе побарате „репете“.

Во продолжение погледнете како тоа кулинарството, понекогаш се однесува на ,,ТИ” со уметноста. Уживајте во припремата, потрагата по намирници, подготовката, затоа што финишот е сензација.

Потребни состојќи:
-половина филџан брашно
-една лажичка сол
-една жолчка
-120 грама маргарин исецкан на коцки
-90 грама крем сирење

Содржина на филот
-100 грама козјо сирење
-100 грама рикота сирење
-50 мл крем за готвење
-2 јајца
-50 грама црвена блитва
-300 грама зелена шпарога
-сол, мускатно оревче, пипер по желба
-40 грама пржени семки од бор-пињоли
-нарендана корка од лимон
-сок од еден лимон
-1 жолчка
-2 лајци крем за готвење

Подготовка:

Во врска со припремата, најпрво ќе го ставите просеаното брашно а потоа останатите состојќи во описот. За да ја соедините смесата додадете нрколку капки ладна вода и обликувајте ја во форма на топка, покријте ја со фолија и оставете ја во фрижидерот еден час.
Тврдиот дел на шпарогата отстранете го, а останатиот дел сварете го кратко, дваесет секунди во солена вода и потоа исушете го. Блитвата обарете ја две минути на средна температура во солена вода и додатно уште пет минути со затворен капак.
Шпарогата иситнете ја заедно со состојките за филот и би требало да добиете кремаста текстура. Печката загрејте ја на 180 степени. Засукајте го претходно оставеното тесто и премачкајте го со кремот од шпарога и над него распоредете ја блитвата и козјото сирење исечено на коцки, премачкајте со жолчка и печете 40 минути додека се зацрвени. Тестото треба да биде крцкаво. Послужете го со нарендана кора од лимон и пржени пињоли.

Добар апетит и уживајте во нова гурманска приказна со автентичен потпис.