Коктел приеми, семејни веселби, венчавки. Внесете нешто ново и автетнтичен поптпис во дрес код бонтонот и културата во име на овие настани. Модниот речник до сега доминираше како стилско решение кое секогаш „носеше на себе“ вечерна макси тоалета со беспрекорен изглед, софистицитраност, моќна шминка, фин или екстравагентен накит.
Но, дизајнерите се повеќе претендираат кон нешто ново, кое ќе му даде карактеристичен печат на вашиот изглед, доминантност и индивудуалност која секако ќе го истакне вашиот личен сензабилитет.
Наш предлог се деловните костуми или одела кои полека му припаѓаат и на понежниот дел од „заедничкиот“ плакар. Што се однесува до материјалот, она нешто по кое свеченото оделото се издвојува од деловното, е свилата или можеби блинг блинг изгледот во зависност од пригодата. Во однос на бојата, оставаме на вас, но сепак ние би претендирале кон позагасити варијанти, затоа што во спротивно постои ризик од бура на емоции кај перцепиентите кои не би сакале да го сфатат сето тоа како кич нели?
Во продолжение погледнете ги моделите како наш предлог за тренди ноци варијанти.