Наскоро Битола ќе блесне во бело.
Како и секоја година, крајот на битолското културно лето, ќе го заокружиме со големата сензација во градот на културата, уметноста, музиката. Во име на таа музика, битолчани на 25 Август на настанот со наслов „Бела ноќ“, ќе уживаат во маестралните НОКАУТ & The Groove.
За 26 Август пак, организаторите најавија уште едно спектакуларно шоу. Овој ден исто така ветува одлична забава со DAVID MORALES , Дј Ацика & Дј Љубиша.
Зошто бело?
Оваа бела ноќ е позната по дрес кодот. Зошто бело? Во едно интервју со организаторите од минатата година, го добивме одговорот дека белата е позитивна боја. Ние би додале дека „нејзиното урбано“ височество над нашиот „костим“ за белата ноќ, остава простор за на неа да запишеме што сакаме. Време е за токму такви позитивни емоции. Да вибрираме во едно и да ја славиме симболиката на белата боја. Да славиме во име на мирот, светлината, небото и верувањето во сѐ она што е убаво.
Битола знае секогаш одново да се креитра во поинаква димензија. Битолчани одново докажуваме дека бескромисно стремиме кон посебна приказна што одново ја правиме извонредна бајка!