Уљандиса, јумпурус, стипси… – Како би изгледал еден типичен битолски сленг (Муабет O на Пацето тука да остани)!

Од Ешта за питулици, на чаљо шитната ојдe муабет О!

„Але да ти кажам збогтисано ми е од меани и од даски. Шо ме има фатено ешта за питулици, ама кој да ги прај? Се уљандисав скроз. Ко не речи некој бујрум. И така  е недела, шубав ден за на гости! Ич не му дава „анѓело“  на овие роднините од маж ми. Стипси, в крај. Шо роднини вакви, никакви! Јампурус. Угурсузи.Е то е! Ќе љуфниш, шо ќе прајш ко се мажиш од немукает. Тој е муабет от.

Бељот, ромбељот, сеа чаљо шитната. Да не ми стоеше шуќуро во кркмата то време? Вакво Џам чупе, кај такви, никакви да напалкајанглаш сум сеа,  ама не ми пукнал филмоо… Шо стори терсене фамилија! Шо праев ле то време? Да не ми се причини дека зедов карта адут од средина? Не опулени ко ќе ти бидат, в чикмак ќе ојш, да не ојш во ЕУ апансас?! Келепур се праеле вакви работи?!

муабет на битолчани

И шо ти кажвав…а за роднините ти кажвав.

Ниет да напрат барем.  Не оти ќе му одев, ама да прогоорат, не ќе му се исуши устата! И не ми се ој да ти кажам право. Ќе ме потечат!  Глата тапан ќе ти ја напрат. Ко ќе си почнат… Скапотија било, сиромаштија било ,,не знам , калабулук биле, немале приходи, мала му била куќата…. се праеле такви муабети ко ќе го викниш чоек на гости?

…И уште ќе ти се пуфкат! И тА, една Вангелица, роднина на онај мојо, кабадајџарка шо да ти распраАам. Демек стара битолчанка, на Курделес била праена, Ами како! Ко ќе ја фати топката, не ја пушта. Па за татко му ко ќе прај муабет, за Димитрија, пуфки, фазла.

Тој на времето со тајфата ко ќе излегвал, сабасаба со пајтон се враќал дома. Цело маало на пенџери. Да се чудат будалите! И шо ми носи мене таа информација? Викај браво, ашкол сум, да се спулајш од преправање. Але само та кажва и од сѐ се разбира. И  после шо муабет ќе прајш ,,залако в грло да ти остани! Ти иди режало да си извајш од несесеро и креоно да си го режиш на маса, без опул да му маниш. Ексик ќе си речиш, кај дојдов, кај се запустив. На секое, в кенеф да ојш да си го плакниш сурато од оплај шо те фаќат. Ама ај ќе си шепниш: „Пивото барем да си го крцнам. Не дојдов за џабе, ќе се налутат, запусти ги! Не се за муабет.“

Ама па и онај мојо ко ќе се запие… Римпапа не мој да го стани од маса. Знајш кој ќе го стани? Реан. Мене пак, ко ќе ми ој умо за дома, ко ќе ми текни… прашиништа, алергии да те искинат. Кога ќе мавам правосмукалка? Ами ај другата недела. Ќе захефтам На ефтината.!

битолчани по меани на муабет

Дубара , дубара, шеш-беш да се немало!

Ама ко ќе ти дОт, овие роднините де на муабет, едни мераклии на благо, полојна торта ќе офукат. Исаф да се немало. Јадат ко скинати.  Арно шо имам замрзнато од Марето. Е тА асли комшивка е, шо е така, така е. Немам зборој. Шо да ти кажам! Ко ќе ја наполни пајнцата… од  кадајфи, од зелници, од сарми, од подварок… мераклија си е жената!

A една лична палената. Ко ѕунѕурка е

Кувалистра си ја викам. Едни бои на неа, ништо со ништо да не ујдисфа. Ама алал да му е. Без пајнца, не тропа на порта. Само знајш шо му е маната? Заваритенџере си е и сабасаба на кафе ти иди, на муабет, уште не опулени, со пењуари по дома наметнати, на глиже пустата ете ти ја, се нацртала. Е арно де, ако, шодека. Сите сме со мани. Ќе си напрајме по некое цигарче, ќе си испафкаме рает.

Марето го вари кафето оти јас не го погодвам. Со три прсти кајмак го прај. Тата-мата е.  И ко ќе ти дојси, свежо мелено во ќулавка , ко од старото кино да е. Кај го има скивнато , ашкол сум! Не кажва, Не оти ја прашвам… Сто посто има некое рачно пемпере по дома оти кај ќе најш отварени дуќани во 5 отсабајле? Кепенците додолу на појќето му се. Але ми ојде умо в чаршија, На модистра ќе ом утре, да ми го ујдиса костумчето! Не знајш шо штоф си зедов! Во несвес да падниш .

И ти велам… за Марето, во некој бакал има ојдено, сабасаба… мерак да те фати, да не те пушти. Куќата на мискојна да мириса.. Шмркај, шмркај, сато  ко ќе го опулиш, девет те нашло.  Е онај мојо ќефој е. Ко ќе му се нафрли на тие бучкурушите шо ги носи Марето и то скришно, ќе се заклучи отсабајле и лапа ко матуф. И уште ишарети ми прај да сум ќутела! Шо ми е гајле, нека се налапа, ќе го држи. Ич џефа не прам! . Само за муфте е,шо да велам. Ами шо да не велам. Да му текни барем некое парче да остај, да го подзамрзнам, да не дој некој, резил ќе се сторам. Ај да не се саклдисвам, нема,фајде .

Але шо ни беше муабето?

А  ми текна, ама ми помина форезо за питулици оти ифрит сум.. Чаре да си нам, ќе пукнам од склет. Не ми поминва. Тило ме стега. Умрев дома во овие камарите. Морници да те фатат. Туку, ЗнаШј шо? Арно ми текнаа ! Катето од Германија е дојдена, за во во меана бевме закажани вечер. А костумчето не ми е допраено! Сеа шо ќе клам? Ај ќе ми дај Марето, има та , шубај нови, ама не ја бива, не се рабира во мода. Ќе му пожолтат така во регало, некој мора да ги коландисва!

Е шуќур, ми олабај тило, ми попушти глата. Чкртајнци мозоко,, 24-7.“ Е то е, шо ќе прајш, кај ќе ојш?!

Пишува: Ромина Марковска

Авторот се обидува да ги оживее старите добри битолцизми преку хумор кој и тоа како недостасува во вакви турбулентни времиња, инспириран и восхитен од пасијата на мега популарниот битолчанец – Златко Самарџиев Кекело по неговата уникатна доза -„битолцизми“ и оригиналната вонвременска порака до битолчани која е нотирана и документирана. Секое нејзино препрочитување, одново добива свежа димензија.

„БИТОЛЧАНИ да не се праат дека се од негде дојсени, да ја чуваат Битола, ако не можат да поправат или направат, нека не расипуваат. И ДА БИДАТ СРЕЌНИ СО ТОА ШТО ГО ИМААТ , а не несреќни со тоа што го немаат.“ – (цитат од интервју со Златко Самарџиев Кекело – урбана битолска легенда вооружен со најаките “Битолцизми”)

A „Разбуди се“, нотира: „ПРЕД БИТОЛА И ПРЕД БИТОЛЧАНИ И БОГОВИТЕ ЌУТАТ.“

извор за уредување на насловна фотографија