Не е сѐ како на фотките на google! – Ако не ви е до гужви, избегнувајте ги овие европски атракции

гужви

Сакате да се одморите или да се изгубите во толпата-Ако не ви е до гужви, избегнувајте ги овие европски атракции

Доста ви е од урбаното, гужвата хаосот. Но, замислете ако си мислевте дека овде е хаосот, а ќе се одморите на некое познато туристичко место, се лажете. Имено, познатите туристички светски атракции, не изгледаат како на филмовите и фотографиите на google. На нив секогаш е празно и нема толпа на туристи кои едвај чекаат да се фотографираат. Реалноста е сосема спротивна. Таму ве очекува апсолутен хаос, па затоа веднаш тргнете ја мислата дека ќе се релаксирате.

Време е за одмор, за уживање на плажа, но од друга страна и плажите не ви кажуваат колку туристи ќе ги посетат и не ви го гарантираат посакуваниот спокој. Сепак, можеби плажите се посигурни, но ако не сакате гужви и чекање, избегнувајте ги следните дестинации.

Имено, компанијата Thinking Traveler ја пребара веб-страницата на TripAdvisor и врз основа на оценките и коментарите на познатите атракции, утврди кои 10 најчесто се споменуваат во контекст на гужви.

Веруваме дека резултатите нема да ве изненадат премногу, бидејќи на листата доминираат замоци, историски остатоци и познати музеи, но дефинитивно би можела да ви помогне ако барате места во кое нема гужви. Овие, сигурно не се тоа.

Замокот Единбург, Единбург


Бакингемската палата, Лондон

Сиам Парк, Тенерифе

гужви на овие туристичи атракци


Големиот канал, Венеција

гужви од туристи

Римски бањи, Бања

Мостот во Лондон

Лувр, Париз

Акропол, Атина

Британскиот музеј, Лондон

Музејот Орсеј, Париз

Сепак во прашање се различни вкусови, па ако според вас гужвата не е проблем и ќе замижете на големите редици, тогаш што чекате….Пакувајте се и заминувајте!