„Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ е расказ кој е награден на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Кодиран е под името „Обидот на македонистот“
Од оваа перспектива на времето, Македонија има уште многу да раскаже. Краткиот расказ со големи зборови на горлива тема ја плени жири – комисијата. Истата беше во состав: проф. д-р Димитар Пандев, м-р Перчо Божиновски, доц. д-р Мерсиха Исмајлоска.
Авторскиот текст поседува постмодернистичка чувствителност и се вклопува во матриксот на светската и македонска книжевност. На истоимениот конкурс во чест на „мајсторот на расказот“- Живко Чинго, отворени и разгледани се 73 плика. Во потесен избор беше и расказот шифриран како „Билјанини извори.“
Најдоцна до 11ти август, авторот на наградениот расказ треба да се јави во Оделението за култура на Општина Охрид за да го докаже авторството со четвртиот примерок. Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Свеченоста ќе се одржи на 13ти август, на денот на раѓањето на македонскиот раскажувач, романописец, драмски писател, во неговото родно огниште, Велгошти – Охридско.