Project 7000 се враќа со „Дива ботаника“: ново издание, нов простор, нов контекст

По првото издание „Ski You Later“, кое на крајот на декември го постави Project 7000 на Пелистер, како нова точка на алтернативна сцена, платформата продолжува со своето второ поглавје со пролетен наслов „Дива ботаника“.

Ако првото издание беше вовед во идејата, „Дива ботаника“ е нејзино природно продолжение, но во поинаков контекст.

Овој пат, сцената се спушта од планината кон урбаниот раб. Локацијата “Кај авионите”, во рамки на старата касарна во Битола, се трансформира во простор каде музиката, природата и заедницата се среќаваат без класични граници.

Project 7000 не функционира како серија на настани што се повторуваат, туку како платформа што секое издание го гради околу различен простор и различна атмосфера со цел да ја обедини публиката со природата. Од зимската убавина на Пелистер, до пролетната отвореност на „Дива ботаника“, контекстот станува подеднакво важен како и музиката.

Project 7000 се враќа со „Дива ботаника“: ново издание, нов простор, нов контекст

Настанот ќе се одржи на 11 април, со почеток во 13:00 часот, во формат што се движи помеѓу дневно дружење и искуство на поглед кон пролетното зајдисонце.

Музичката програма започнува со Dejan Dex Pirka и Herzl, а кулминира со настапот на Лутон & Шчепа, диџеј дуо кое носи енергија од регионалната електронска сцена, со селекција што подеднакво функционира и во клубски и во отворен простор.

Во „Дива ботаника“, музиката е дел од поширокото искуство. Просторот не е само локација, туку и сценографија. А публиката е секогаш активен дел од атмосферата, со работилници и колективно искуство.

Со ова издание, Project 7000 го продолжува својот правец за создавање на настани што не се дефинираат преку формат, туку преку искуство на линијата каде што завршува градот и каде што започнува природата.

„Дива ботаника“ се реализира со поддршка на партнери и брендови како IQOS, Bimilk и други, кои го препознаваат и поддржуваат развојот на новата урбана сцена.

[post_tags]