„Инклузија преку игра“ – Настан во Битола за поддршка на лицата со аутизам

Во Битола на 5 април ќе се одржи социо-културниот настан „Инклузија преку игра – научи го нивниот јазик, за да ја разбереш нивната игра“, посветен на одбележувањето на месецот на лицата со аутизам и поддршката за нивните права.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за инклузијата во општеството. Да поттикне подобро разбирање на начинот на комуникација и изразување кај децата со аутизам.

„Инклузија преку игра“ - Настан во Битола за поддршка на лицата со аутизам

Првиот дел од програмата ќе се реализира од 11:00 до 14:00 часот и е наменет за деца и родители.

Присутните ќе имаат можност да учествуваат во креативни активности како цртање, игра… Забава и музика, со фокус на дружење и инклузија.

Во вториот дел, од 18:00 до 20:00 часот, ќе се одржи отворена трибина со Јасмина Трошанска на тема „Кога однесувањето е порака: Како да ги разбереме децата со аутизам“.

Преку разговор и размена на искуства ќе се потенцира значењето на прифаќањето и емпатијата. Емпатијата како основа за градење подобра комуникација и поддршка за децата со аутизам.

Настанот е во организација на Општина Битола, Центар за култура Битола, Невроразлични и НУ Народен Театар Битола.

[post_tags]