Подводни снимки покажуваат дека голем дел од бродот Титаник, веќе е само метална структура.

Микроорганизми и бактерии го „јадат“ железото на бродот и ги слабат неговите делови. Морската сол пак, силните струи и големиот притисок ја забрзуваат деструкцијата, пренесуваат медиумите.
Имено, големите структури, како оџаците, се веќе скршени или отпаднати.


Некои експерти тврдат дека бродот може многу наскоро целосно да се распадне.
Научниците снимаат 3D модели за да го „сочуваат“ виртуелно пред да исчезне.
На дното на океанот, железото на бродот исчезнува, а со него и последните траги од легендарниот Титаник.
