На 4 февруари 2026 година во 3D кино Битола со почеток во 19:30 часот ќе се одржи премиерата на македонскиот документарен хит „Приказната за Силјан“. Филм кој ја освои меѓународната критика и го одбележа изминатиот филмски маратон со емотивен приказ на човечката издржливост. На поврзаноста со природата и домашните вредности.
Режијата и продукцијата на овој значаен документарец е потпишана од Тамара Котевска. Филмот нуди длабок и визуелно инспиративен портрет на македонскиот земјоделец Никола. Тој случајно наоѓа повреден бел штрк и создава необична, но силна врска што ја менува неговата перспектива за животот и надежта.

Публиката во Битола ќе има можност да го гледа филмот на големо платно, во околности кои најдобро го рефлектираат квалитетот и значењето на ова остварување, кое веќе беше прикажано на значајни интернационални фестивали, како 82-от Меѓународен кинофестивал во Венеција и на други сцени низ светот.
„Приказната за Силјан“ не е само филм. Тоа е прослава на човечката добрина. На пресудните избори кои го обликуваат нашиот однос со другите… Но и силна порака за значењето на заедништвото и природата во современиот свет.
📅 Дата: 04.02.2026
⏰ Време: 19:30 часот
📍 Локација: 3D кино Битола
