Горан Винчиќ – Винча, еден од
најбараните стенд-ап комичари во
регионот, пристигнува премиерно во
Македонија со своето ново самостојно
шоу! Популарниот Винча оваа пролет ја
освојува сцената со целосно нов
материјал – за времето во кое живееме,
кое е истовремено смешно и
загрижувачко. За општество што се
распаѓа, а се смее… И ја најавува
големата регионална и европска турнеја
во чии рамки новото шоу на Горан Винчиќ,
„Комедијата е сериозна работа“ ќе има
своја премиера пред македонската
публика, на 8 мај во Филхармонија.
Горан Винчиќ Винча отвора ново
поглавје во својата кариера со
„Комедијата е сериозна работа“,
неговиот трет самостоен стенд-ап
проект кој го продолжува успешниот низ
на хитовите „Дежурен виновник“ и
„Кажи ми дека се шегуваш“. Во новото
шоу, Винча се враќа поостар, поискрeн и
позабавен од кога било досега.

Визуелниот идентитет на шоуто е
инспириран од симболиката на познатата
слика „Stańczyk“ на полскиот уметник Јан
Матeјко. На неа, дворскиот шут –
единствениот свесен за тежината на
политичките и општествените потреси –
седи замислен додека околу него се
одвива безгрижна забава на елитата.
Токму таа идеја – народната мудрост
скриена во хуморот – станува темел на
новиот материјал на Винча.
„Комедијата е сериозна работа“ го
секцира современиот свет: медиумскиот
хаос и неправдата, општествените
апсурди, генерациските судири и
секојдневната доза лудило што ни
станува нормална. Винча, како модерен
Stańczyk, преку хумор отвора теми кои често
се туркаат под тепих, претворајќи ги во
ослободувачка смеа.
Винча порачува:
„Човечката цивилизација
одвреме-навреме најавува крај на
светот и дека никогаш не било полошо…
Така е и овој пат. Светот полуде,
вредностите се уништени. Ништо веќе не
се сфаќа сериозно, освен комедијата.
Комичарите се осудуваат за своите
зборови, од нив се бара да преземат
одговорност и во нив се бара гласот на
разумот или главниот виновник.
Комедијата речиси секогаш е разонода,
освен кога искрено загрижува, кога ги
погодува сите оние проблеми што го
мачат нашето општество и кога стапнува
на жуљ поради кажаната вистина – тогаш
станува сериозна работа.
А ќе има и фори за секс, Непалци и баба,
така што, задолжително дојдете!“
Првата изведба, во Спортската сала
„Борик“ во Бања Лука оваа пролет е
вовед во турнејата на која Винча
повторно ги полни најголемите сали во
регионот – од сараевската Скендерија и
подгоричката „Бемакс Арена“, до
величествената Филхармонија во Скопје
на 8 мај – пред шоуто да продолжи на
турнеја низ регионот и бројни европски
градови (Цирих, Франкфурт, Берлин и
други).
Влезниците за шоуто во Филхармонија се
веќе достапни во продажба на
благајните на МкТикетс и онлајн ТУКА
ПР Текст
