Кога градот создава заедно: заврши Зимска приказна во Битола

Зимска приказна уште еднаш покажа дека празниците во Битола не се само календарски датум, туку колективно искуство што се создава заеднички. Со силно учество на Општина Битола, локалната заедница, културните институции, образовните установи, уметниците и граѓаните, фестивалот потврди дека градот има капацитет да создава современи, квалитетни и препознатливи манифестации.

Од 20 декември до 8 јануари, Битола живееше во ритамот на Зимска приказна, најголемиот зимски фестивал во државата, кој веќе неколку години по ред го редефинира празничното доживување и ја позиционира Битола како регионален центар на културниот и манифестациониот туризам.

Осум локации низ градот функционираа како една празнична целина, од Плоштадот Магнолија, Широк Сокак и Офицерски дом, преку Пациото на музејот, Безистенот и Старата чаршија, Bliss, па сѐ до Националниот парк Пелистер. Градот се претвори во светлечка мапа на доживувања, каде секој простор имаше своја сцена, а секоја сцена своја публика.

Бројките ја потврдуваат приказната на најгилемиот зимски настан во нашата земја.
Годинашното издание на Зимска приказна се реализираше преку повеќе од 200 часа програма низ целиот град, над 40 часа детска програма, насѕапија 67 бендови и повеќе од 20 соло изведувачи, образовни институции од јавниот и приватниот сектор.
Програмата беше внимателно и рамномерно распоредена на 9 локации, а годинава за прв пат се вклучи и приватниот сектор, со свои иницијативи.

Зимска приказна 2025/2026 понуди детско кино под отворено небо, уметнички содржини, гастрономија и зимски базар, голема концертна сцена кај Офицерски дом, алтернативна сцена во Пациото, мала сцена во Старата чаршија, вечерни DJ-сетови во празничниот автобус и во Безистенот, како и внимателно осмислено светлосно обликување што ја истакна елеганцијата на Битола.

“Фестивалот беше наменет за сите генерации, за децата кои најмногу се радуваат на празниците, на младите генерации кои сакаат алетрнативна програма, семејствата што бараат топлина и заеднички моменти, но и за сите што веруваат дека Битола секоја година може повеќе. Зимска приказна уште еднаш покажа дека Битола не е само град со богато минато, туку град со јасна визија и иднина. Град што создава, гради и споделува.” – истакнуваат од Општина Битола.

Со ова издание, Битола ја напиша својата зима заеднички.
Приказната продолжува.

[post_tags]