Битола добива нов концепт на настани под името Project 7000, проект инспириран од поштенскиот код на градот, но замислен како многу повеќе од географска одредница. Project 7000 е нова платформа за outdoor култура, музика и современ израз, која ќе живее и ќе се развива низ сите четири сезони од годината, на различни локации во и околу Битола.


Првиот настан од серијата, „Ski You Later“, ќе се одржи на 27 декември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, на Пелистер, на стартот на жичарата, како дел од официјалната програма на „Зимска приказна – Битола 2025/26“.
Изборот на локацијата не е случаен.
Стартот на жичарата на Пелистер е точка на премин, место каде градот останува под тебе, а просторот се отвора кон долината. Токму таму, Project 7000 ја започнува својата приказна: од висина, со перспектива кон долината.
„Ski You Later“ нема да е класичен ски-настан, ниту пак традиционална журка. Тоа ќе биде осмислено искуство во природа кој спојува музика, планина, визуелна естетика нова енергија, создавајќи поинаков начин на доживување на зимата, без клишеа и без потреба од затворени простори.
▪️ Диџеи што знаат што значи звук од височина
Првиот настан на Project 7000 го отвораат Алекса Мандиќ Aleksa- Mandozica и Данило Радусиновиќ, диџеи кои доаѓаат од Црна Гора и се препознатливи по сетови што се случуваат надвор од клубската логика на планински платоа, тераси и локации со поглед кон долини и заливи.
Mandozica е диџеј чии најзапаметени настапи се одвивале дење, во отворен простор, каде музиката не ја надвикува природата. Неговите сетови се градат постепено, со чувство за простор, светлина и движење, квалитети што се клучни за настани на височина.
Данило, како house и afro house селектор, е познат по настапи на локации каде звукот се движи „надолу“ кон морето, кон градот, кон хоризонтот. Овој пат одиме кон долината во која е сместена Битола.
За двајцата, висината не е сценографија, туку метод на работа. Токму затоа тие се првиот избор за отворање на Project 7000.
Настанот ќе започне со warm-up сет од битолскиот артист BerryQyat, кој ќе ја воведе публиката во атмосферата и ќе го постави ритамот на денот.
▪️Почеток од висина
Со „Ski You Later“, Project 7000 јасно го поставува својот правец:
настани што ќе се мерат по доживувањ, по локации што не се декор, туку дел од приказната
и по музика што не бега од природата, туку комуницира со неа.
Од Пелистер, приказната продолжува понатаму, низ сите сезони, низ различни простори, со истата идеја: Битола 7000 како фреквенција, не како координата.
