Матеј – Најмладиот Тапанџија во YUGO

Матеј – Најмладиот Тапанџија во YUGO

Матеј – осумгодишниот талент, пристигна во Подвижното Студио на Мими со најголемата насмевка и најмалите раце што некогаш тропнале на тапан. Веднаш доби роденденски подароци, а за возврат – го наполни „студиото“ со ритам што веднаш буди, крева, весели.

матеј најмладиот тапанџија

Матеј – Најмладиот Тапанџија, првпат видел тапан на само две години – мало сувенирче што татко му го донел од пат. „Два-три дена не го оставив,“ раскажува. Од тој момент се родила големата љубов кон тапанот и македонскиот ритам. Денес Матеј тропа 5/8, 7/8, 9/8 како да е вграден со метроном. Гостувал во Хрватска, Србија, Грција, снимал со Спасе Велјановски за Везилка, се појавувал во емисии, а сите му велат едно исто: „Ти си најдобар!“

Скромен како што е, тој само вели: „Среќа осеќам.“

Ова преслатко момче, во југото на Мими раскажа и анегдота. Кога бил мал, сакал да се качи на големиот тапан, па паднал. „Малку се удрив во колено, ама нема гајле,“ вели и се смее. Оди во играорната во Гоце Делчев, каде што во носија тропа како вистински мајстор. Во училиштето „Даме Груев“ веќе ги учи нотите, а знае и како се викале деловите од тапанот: чука­лотo и прачката.

Во Југото со Мими не возат. Гостинот е мал, а муабетот толку голем. На крај, Матеј како вистински кавалер, ѝ носи подарок за камерата.

„Ветувам пред сите – тапанот никогаш нема да го оставам!“ – ќе нагласи мајсторот на тапани и ќе додаде уште една порака, директно од неговото детско срце: „Дојдете на мојот концерт! Ќе се тропаат македонски ритмови како никогаш досега!“

извор:

[post_tags]