Навивачки муабети со Коки и Чкембари: „Брчиме со Дуле“ нова епизода

Во оваа епизода од ток шоуто на,, Брчиме со Дуле”, гостин е Коки, човекот кој две децении е активен во Чкембари, – навивачката група и симболот на спортскиот дух на Битола. Неговата приказна е доказ дека љубовта кон Пелистер не е само навивање. Taa e култура, традиција и посветеност.

Ток шоу: „Брчиме со Дуле“ и уште еден неповторлив проект за пасијата и љубовта кон фудбалот. Коки ги опишува почетоците на навивачката група Чкембари од 2005 година, кога со групата ги создавале познатите зеленo-бели ленти за трибините. Ентузијазмот, креативноста и спонтаната битолска енергија го изградија духот на Чкембарите кој и денес е препознатлив низ регионот.

Особено значајно е неговото дело –,,Чкембари фанзин, печатен материјал кој ја чува историјата и духот на навивачката група. Првото издание е создадено во 2013 година, а денес се достапни девет броеви со ретро изглед, полни со хроники, емоции и автентични приказни за Пелистер. Овие примероци стигнуваат и во други земји, потврдувајќи ја силната и широка навивачка мрежа.

Коки зборува и за долгогодишното пријателство со навивачка група од Полска – едно од највредните искуства, кое ја покажува моќта на спортот да спојува различни култури. Во Чкембарите има и различни етнички групи, а дружбата и почитта се темелот на заедницата.

Посебен акцент става на важноста да се заштитат седиштето, името и грбот на Пелистер – светите обележја што го дефинираат клубот.

Говори и за пиротехниката, нагласувајќи дека убавината на атмосферата мора да биде под законска контрола, за доброто на сите навивачи.

Неговата порака до младите е јасна:
Сакајте ја Битола, сакајте го спортот, сакајте го Пелистер. Работете со пасија, но и со добра организација.

Според Коки, приватното менаџирање и стратешкиот развој на спортот, вложувањето во младите и тренерите и поддршката од општината се клуч за посилна, поздрава и поуспешна спортска Битола.

„Зелената гори, белата дише – Чкембарот не навива, Чкембарот живее.

Во продолжение, погледнете ја целата епизода.

[post_tags]