Уште еден викенд исполнет со медали, титули и победи за атлетичарите на АК Олимп кој продолжува со успеси.
Клубот продолжува со серијата одлични резултати, овојпат на Националното првенство за младинци и на една од најмасовните атлетски манифестации во државата, трката „Охрид Трчат“.



На Националното првенство за младинци, Дарија Крстевска уште еднаш ја потврди својата доминација во средните патеки, освојувајќи две златни медали во дисциплините на 800 и 1500 метри.
Блескав настап имаше и Максим Пауер, кој со три освоени титули беше еден од најуспешните натпреварувачи на првенството. Тој триумфираше на 800, 1500 и 5000 метри, покажувајќи исклучителна подготвеност и разновидност.
Успешниот настап на младинската екипа го заокружи и Матеја Матеевска со освоеното петто место во дисциплината скок во далечина.
Победничката серија продолжи и на „Охрид Трчат“, каде атлетичарите на АК Олимп повторно се најдоа на највисокото место на победничкиот пиедестал.
Григоријан Никовски беше најбрз на трката на 5 километри, додека Греса Бакрачи триумфираше на главната полумаратонска трка, потврдувајќи ја одличната форма на олимповците и надвор од стадионската атлетика.



Овие резултати претставуваат уште една потврда за континуираната работа, посветеност и развој на клубот, кој во изминатиот период бележи историски успеси на национално ниво.
Од младинските категории до сениорската конкуренција, АК Олимп продолжува да создава шампиони и да ја потврдува својата позиција како еден од водечките атлетски клубови во Македонија, клуб кој успешно ја спојува богатата традиција со новата генерација македонски атлетски таленти.
