„Охридско лето“ не запира. Продолжува да го негува високиот левел на квалитет на жанровска, национална и меѓународна разновидност во културното дејствување. Открива и експанзира високи културни вредности. Оригиналниот потпис на Охридско лето стои како печат во Декларацијата за Интеркултурен дијалог на Уметничките фестивали и е носител на т.н. „Фестлаб пасош“ доделен од страна на комесарот за култура на ЕУ, г. Јан Фигел за исклучителна креативност и иновација.
Во чест на св. Климент Охридски, во програмата на „Охридско лето“ на 8ми август, 2023 година, ќе се вткае и гласот на Илина Митревска, 21 годишна соло пејачка од Скопје.
Студира на Конзерваториумот „Giuseppe Tartini“ во Трст. Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број настапи. Солистички настап со Македонската Филхармонија, Солистички концерт во Софија под диригентската палка на маестро Христо Христов. Учествува во фестивали како Скопско Лето, Звуците на чаршијата.
Публиката во црквата св. Софија ќе има можност да ужива во оперскиот рецитал во пијано придружба на Дарко Мариновски.
Охрид пулсира во духот на уметноста. A летото е она што секогаш не потсетува на неговата посебност, идиличност и оние ,,summer vibes” што доаѓаат од градот со автентичен печат. Охрид е бисерот и срцето на нашата земја. Овогодинешната програма на Охридско лето, ја освои нашата, а и светската публика што доаѓа токму тука да разбере и слушне. За историјата на оваа земја. За уметноста и нашиот талент кој овој пат ќе дојде од грлото на Илина Митревска.