Османлиското време низ слики и приказни – Проект посветен на историските објекти

Во вторник во Завод и музеј – изложба и видео проекција за историските објекти од османлискиот период.

Османлиското време низ слики и приказни - Проект посветен на историските објекти

Во вторник, во малата сала на Завод, музеј и галерија, ќе се реализира проектот под наслов „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“. Настанот опфаќа изложба и видео проекција посветени на културното и историското наследство од овој значаен период.

Во проектот учество зедоа Љупчо Стојановски, професор по историја, и Орхан Демири, имам во Исхак Челеби џамија и професор по исламски науки. На реализацијата активно работеле и сниматели, видео монтажери и фотографи, кои придонеле за визуелната и документарна вредност на проектот.

Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам, а автор на проектот е Агим Џело.

Настанот претставува можност за јавноста да се запознае поблиску со богатото културно наследство од османлискиот период и значењето на заштитата на историските објекти.

[post_tags]