100 години под истото небо – Битола ќе слави еден век од првите соништа за лет

Во сабота, на 11 октомври 2025 година, спортскиот аеродром крај Битола ќе биде местото каде што минатото и иднината ќе се сретнат под истото небо. Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ Битола слави 100 години од првите соништа за лет и храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата над овој град.

Еден век љубов кон небото, генерации пилоти, моделари и визионери – сите тие ја напишаа историјата на клубот. Но овој јубилеј не е само потсетник на славното минато, туку и ветување за иднината: нови летови, нови авантури и нови генерации што ќе продолжат да ја градат авијацијата во Битола.

„Програмата ќе започне во 11.00 часот и вклучува свечена академија, доделување признанија на заслужни членови и премиера на видео-записот „100 години Аеро Клуб“. Денот ќе биде исполнет со летови на авио-моделари, настап на Pop Art Band и диџеј сетови на Torta и Goce Saf, како и со вкусна гастрономска понуда од Chef at 11, Utopia outdoor gastronomy и шанковите на Јагода, Училница и Deus. Практично, градот го селиме на 11 октомври од Широк Сокак на саботно корзо на спортскиот аеродром,“ истакнуваат организаторите.

Со слободен влез, настанот ќе биде празник за целото семејство и симбол дека љубовта кон небото нема рок на траење.

[post_tags]