Светски Ден на Кафето -1 Октомври: Празнување на Чудото во Филџанот / Секој 1 октомври, светот го слави Светскиот ден на кафето, ден што претставува повод за уживање во омилениот напиток. На овој ден се одбележува важноста и магијата на кафето како напиток. Кафето е повеќе од само освежување – тоа е ритуал кој го започнува денот, момент за релаксација и креативност.
Во Битола, како и во многу други делови на светот, Светскиот ден на кафето не е само повод за уживање во напитокот. Тој ден ја слави традицијата на кафе и ја истакнува културата која се негува во градовите каде што кафе-то е нешто повеќе од напиток – тоа е начин на живот. Битола е еден таков град. И како што велат, сите патишта на кафето водат низ неа. Тука, кафе-то не е само пијалок, туку и ритуал што поврзува луѓе, поттикнува креативност и создава нови идеи. Секој гутљај во Битола носи енергија и мирис на историјата и културата која се пренесува од генерација на генерација.
Кафето, еден од најпопуларните пијалаци во светот, се подготвува на различни начини, топло или ладно, и претставува дел од бројни култури. Неговото потекло се поврзува со Африка и Арапскиот Полуостров, а денес се одгледува во многу земји низ светот. Меѓународната организација за кафе во 2015 година го воспостави 1 октомври како ден посветен на овој пијалак. Оттогаш, се организираат кампањи, настани и активности со цел да се истакне значењето на кафето, неговото културно влијание и економската улога што ја има во глобалната трговија. Во Анкара и други светски метрополи, по овој повод се одржуваат различни манифестации, промоции и работилници за подготовка на кафе.
На овој ден, љубителите на кафе ширум светот се потсетуваат на важноста на оваа културна и глобална навика, како и на поддршката на индустријата. Кафето е не само пијалок, туку и начин на живот.
Не заборавајте да го одбележите Светскиот ден на кафето на 1 октомври со чаша од вашиот омилен напиток и споделете го моментот со вашите пријатели!