Статуетката како симбол на филмската магија – Овој златар во Битола стои зад оваа приказна

Еден златар во Битола во служба на филмската магија

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ заврши, но некои приказни остануваат и продолжуваат да ја раскажуваат својата магија. Една од нив е поврзана со статуетката, препознатливиот симбол на фестивалот.

Оваа награда, статуетката, создадена од скулпторот Димитар Филиповски, ја носи својата финална душа токму во Битола. Со 91 година традиција, Златара „Маслинко“ е повеќе од златарница, таа е институција на занаетот, сведок на генерации и чувар на битолската автентичност.„Маслинко“ повеќе од девет децении ја ткае приказната на градот преку прецизност и доверба.

Гравирањето на секоја статуетка е чин на овековечување токму на ова историско место, секоја буква и секој детал се исполнети со мајсторство и љубов кон златарскиот занает. Така, во светот на филмот каде кадарот е вечен, овие награди сведочат дека и ракотворбата на занаетчиите е исто толку безвременска.

Битола е град на светлина, филм, но и на вечни вредности.

[post_tags]