Кога се спојува старото и новото. Кога се буди носталгичност кон една приказна што доаѓа токму од овој филмски гард. Од Битола. Приказна, што вреди да се зборува. Не, ова не се првите филмски кадри на браќата Манаки, но зборуваат за една посебна уметност. Уметноста на браќа Манаки.
Бимилк со филмска кампања и поддршка на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Имено, Бимилк годинава ја продолжува својата мисија на поврзување со културата и заедницата преку поддршка на еден од најзначајните културни настани во регионот – Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Во чест на фестивалот, компанијата реализираше уникатна фото-кампања инспирирана од првите филмски кадри на браќата Манаки и од наследството на Битола како град на филмот.




Едиторијалот, снимен на автентични локации, оживува сцени што изгледаат како да се од почетокот на XX век, но со современ белег, а тоа е вкусот на Бимилк, симболот на повеќе генерации.
„Филмот е уметност што ги спојува луѓето, исто како што и вкусот на Бимилк ги поврзува генерациите. Со оваа кампања сакаме да покажеме дека наследството и иднината можат да одат рака под рака, создавајќи нови приказни кои остануваат во колективната меморија,“ велат од Бимилк.
Кампањата е резултат на креативна соработка меѓу уметници и професионалци. Костимите се на познатиот костимограф Благој Мицевски, сет дизајнот е на Димитар Михајловски. Фотографиите се на Кети Талевска Бакревска. А главните ликови во едиторијалот се актерката Сандра Грибовска Илиевска, Петар Поповски и Ангел Мицевски, кои се дел од филмот.
Со ова партнерство, Бимилк уште еднаш потврдува дека компанијата не е само производител на млечни производи, туку и активен поддржувач на културните иницијативи и локалната заедница.



