Дарија Крстевска со две победи на Купот на Македонија за младинци

Дарија Крстевска од битолскиот атлетски клуб ОЛИМП, го продолжува победничкиот низ.

По триумфот на 5 километри на градската трка „Трчај бе“ минатиот викенд, таа викендов во Скопје блесна и на Купот на Македонија за младинци/ки.

Крстевска освои две златни медали – на 800 и на 1500 метри – и ја исполни нормата за бодување, со што донесе значајни поени за својот клуб АК Олимп на табелата за пласман.

Младата атлетичарка ќе го продолжи своето образование на Факултетот за физичка култура во Скопје, каде што веќе започна да тренира со својот нов тренер, битолчанецот Димитар Петровски. Огромна заслуга за нејзиниот досегашен развој има и тренерот Демир Даутовски, кој останува посветен на работата со младите членови на клубот во Битола.

Со овие успеси, Дарија Крстевска уште еднаш потврди дека е едно од најголемите младински атлетски имиња во земјава и надеж за идни меѓународни успеси.

[post_tags]