„Трчај бе во Битола: 2025“ /Трчај бе во Битола – Abbey Road со над 1700 тркачи: ТРЧАЈ БЕ испиша нова страница во уличниот спорт и градската култура
„Трчај бе во Битола: 2025“ со повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025“, седмото издание на најорогиналната улична тркачка авантура според многумина, во Македонија.

Годинава, Трчај бе во Битола како и сите претходни изданија, доби нова тема – „Битолси“, како омаж на луѓето кои оставиле траги во Битола, а инспирирани од The Beatles, но и како симбол на битолската креативност, упорност и карактер. Широк Сокак се претвори во Abbey Road, со статисти облечени како култната четворка, 30 музички фан точки по целата патека и стотици насмевки од најмладите учесници до ветераните кои трчаат од првото издание.

„Трчај бе“ е повеќе од спорт. Тоа е проект кој секој септември добива нова приказна, нов визуелен код и симболика што поврзува луѓе преку заедничко движење. Темите низ годините беа од Форест Гамп на Широк Сокак, преку трка базирана на “Битолцизми”, па сè до ланската Филм ми е да трчам со Браќата Манаки, секогаш раскажувајќи за Битола како културна сцена што постои надвор од клишеата.

Маиците годинава дојдоа со дизајн инспириран од винтиџ концертен постер, а медалите, уникатно изработени за секоја дисциплина, беа замислени како колекционерски спомени на тркачкото искуство дело на дизајнерот Мартин Цветановски. Креативата е составен дел од идентитетот на оваа трка од самите почетоци , исто важна како километражата или рекордот.

Фан точките беа вистинска сензација – со настапи на Паркети, Дина Јашари, Herzel, Flooder, BBoy, Tsar Von Time, JOSS, DJ Tanja, Мартина Пенева, Emily nas za vas, Kunich, училишните бендови од Гимназијата Јосип Броз Тито…па патеката се претвори во најголемиот фестивал во градот на отворено. Настанот кулминираше со аплаузи за победниците и енергија што ќе се памети долго.

⸻
Победници по дисциплини
5 км – жени 1. Дарија Крстевска (АК Олимп) – 19:29
2. Радица Јованова (АК Атомик) – 21:27
3. Натали Радевска (ФИТ Концепт) – 21:34
5 км – мажи
1. Коста Петроски (АК Делта) – 15:41
2. Бојан Чаприќ (АК Делта) – 15:45
3. Ибраим Мамудов – 15:49 10 км – жени 1. Памела Ени (Бугарија) – 38:10 2. Мињана Ристиќ (АК Делта) – 38:39 3. Ирма Хајдари (АК Делта) – 40:09
10 км – мажи
1. Иво Балабанов (Бугарија) – 31:12
2. Григоријан Никовски (АК Делта) – 33:17
3. Алберт Абази (Ускана) – 35:57
Полумаратон (21.097 км) – жени
1. Маринела Нинева (Бугарија) – 1:19:59
2. Теа Божиновска (АК Скопски Маратон) – 1:24:35
3. Радостина Балова (Бугарија) – 1:27:19
Полумаратон (21.097 км) – мажи
1. Александар Арсов (АК Делта) – 1:13:38
2. Муџахид Муслимовски (Ускана) – 1:13:56
3. Жан Тосев (Струмица) – 1:14:38
Национално првенство во полумаратон 2025 Жени
1. Теа Божиновска (АК Скопски Маратон) – 1:24:35
2. Марина Домазетовска (АК Делта) – 1:40:53
3. Ана Шикоска (АК Делта) – 1:55:08
Мажи
1. Александар Арсов (АК Делта) – 1:13:38
2. Муџахид Муслимовски (Ускана) – 1:13:56
3. Жан Тосев (Струмица) – 1:14:38
фотографи Горан Кузевски Ивона Кочов Диоген Хаџи Коста Милевски