Два дена, една улица и еден дрес-код: Бела Ноќ – Битола 2025

Бела Ноќ – Битола 2025: Крајот на август е асоцијација на Широк Сокак во бело

Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело. Деновиве, градот повторно го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест.

Два дена, една улица и еден дрес-код.
Широк Сокак блеснува во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика.

Оваа година, Белата ноќ ѝ припаѓа на нашата музичка сцена – на гласовите и бендовите што ја носат емоцијата на градот и што ја полнат најубавата улица на Балканот со енергија и блискост.

И после Детскиот хепенинг во бело кој се одржа вчера вчер, време е да се задоволат и апетитите на повозрасната публика.

Демнес, Сабота, 23 август – Концертна вечер со следната програма:

📍 Плоштад Магнолија | ⏰ Почеток 21:00
   •   DJ Тања
   •   Поп Рок Хор „Битвокс“
   •   Емоушн бенд
   •   Никола Зацески
   •   Тамара Стојковска
   •   Бојана Скeндеровски & Бенд
   •   Александра Јанева & Бенд
   •   Виктор Апостоловски

Белата ноќ е традиција, симбол на градот и празник што го обединува Битола.
Колку ја сакаме македонската музика, ќе провериме овој викенд на Широк Сокак во бело.

[post_tags]