Игор Ангелов ја носи монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA – распродаден настан во рамките на БИТФЕСТ
Битола ќе има ретка привилегија: на 27 август, еден од најистакнатите македонски актери, Игор Ангелов, ќе настапи со монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA Private Membership Club. Настанот, кој е дел од програмата на БИТФЕСТ – Битолското културно лето, е веќе целосно распродаден – уште еден доказ за огромниот интерес на публиката за врвна култура и уметност.

Ангелов е актер чијашто кариера повеќе од две децении се движи меѓу театарот, филмот и телевизијата. Препознатлив е по својата актерска моќ, суптилност и харизма, со главни улоги во продукции на Македонскиот народен театар, како и во филмови и серии што оставија белег во македонската кинематографија. Добитник е на повеќе признанија и награди, меѓу кои и „Златна маска“ за најдобра машка улога. Секој негов настап е гаранција за врвна уметност и доживување што ја надминува сцената.
Претставата, која ова лето беше дел од програмата на престижното фестивалско издание Охридско лето, сега ќе добие ново, уште поинтимно и ексклузивно издание во рамките на БИТФЕСТ.
27 август (среда), 20:30 часот
🎭 „Сите најубави нешта“ – монодрама со Игор Ангелов
Според мотиви на Дункан МекМилан
Режија: Дејан Пројковски
Продукција: ОХО • Продуцент: Пеце Талески
По завршувањето на претставата, вечерта продолжува во дворот на клубот со DJ сет и коктели, создавајќи вистинско августовско уживање во духот на UTOPIA.
Битолчани ги очекува вечер што ги спојува уметноста, музиката и дружбата – на начинот на кој само UTOPIA знае да ја понуди.