Гоце Делчев, апостол на македонската борба за осамостојување и ослободување. Револуционерно име, голем тактичар и политичар. Неговите цитати остануваат вечни, а во пресрет на Илинден, потсетете се на некои од нив.
„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“
„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“
Гоце Делчев зборувал за непокорливоста на македонскиот народ, за неоткжувањето, за успехот што и денес треба да не води…
„Јас не сакам востание со луѓе кои ќе ме напуштат при првиот неуспех! Јас сакам револуција со кадарни граѓани да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба…“
”Ќе удри утринската зора и за нас…”
„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.“
„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.“
„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех.