Во Дубаи има супермаркет без вработени, каси и скенирање на баркодови
Сведоци сме на новата дигитална ера која всушност ја живееме. Секако дека добиваме бројни бенефити од тоа, но не на сметка на работникот. Имено, светот стравува дека со доаѓањето на ваквите најнови технолошки трендови, многу работници ќе ги изгубат своите работи, а ете што се случува со гигантскиот супермаркет отворен во Дубаи што веќе го пратикува тоа.
Имено станува збор за отварање на првиот супермаркет кој ќе функционитра без вработени, каси и скенирање на баркодови.
Сепак, според интернетот и нашите извори, ова не бил првиот супермаркет:
„Првата целосно автоматизирана продавница без касиерка беше отворена во септември 2021 година на Блискиот Исток, додека францускиот малопродажен гигант Carrefour ја претстави својата визија за иднината на индустријата во луксузниот трговски центар на Емиратите во Дубаи.“ – вели 24sedam.rs
Сепак предност ќе имаат само оние клиенти кои имаат паметни телефони и специјална апликација.
Имено интересно е што во маркетот постоеле 100 мали камери кои ќе го следат секој чекор на купувачите, па така нема каде да „бегаат“.
„Вака ќе изгледа иднината“, изјави за Асошиејтед прес Хани Вајс, извршен директор за малопродажба во Маџид Ал Футтаим, франшизата што управува со Карфур на Блискиот Исток.
„Големите трговци на мало ширум светот комбинираат софтвер за машинско учење и вештачка интелигенција во обид да ги намалат трошоците за работна сила, да ја елиминираат иритацијата на долгите редици и да соберат критични податоци за однесувањето во купувањето.“ – додава изворот. Гигантските брендови на маркети велат дека ги користат податоците за да обезбедат подобро искуство во иднина каде што клиентите не треба да размислуваат за следниот производ што го сакаат. Но, сепак клиентите мора да му дадат дозвола на маркетот да ги собира нивните информации, кои компанијата ветува дека нема да ги сподели.
Но, идејата за џиновски трговец на мало што собира куп податоци за навиките на клиентите, веќе предизвика загриженост за приватноста во Соединетите држави, а нам не би не изненадило доколку оваа парктика продолжи насекаде низ светот.