БАЈАГА и инструктори ова лето во Битола

Еден од најголемите хитмејкери од екс – југословенските простори – Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија во Битола на Ракометното Игралиште, неколку дена пред Илинден, на 27 јули со почеток во 21 часот.

Концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од 2 ипол часа хитови и претставуваат врвна и квалитетна музичка забава за сите љубители на неговата музика.

Влезниците, во ограничен број, по цена од 900 денари се во продажба онлајн на avalonbooking.mk, AРИЕС ТРАВЕЛ и сите ДИМПО тобака во Битола.

[post_tags]