Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми

Социјалните мрежи денес се преплавени со информации. Голем дел од нив се невистинити, а дел се полувистинити, објавени со цел некого да омаловажат или навредат. Во морето информации, важно е младите луѓе препознаат што е тоа проверена и точна вест.

За тоа колку професионалните медиуми и новинари придонесуваат во борбата против лажните вести Илиана Николовска од Битола разговара со новинарката Гордана Цветаноска од прилепското „Радио Пела“.

Подкастот е снимен е во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“ во кој млади од Пелагонија во соработка со професионални новинари во улога на ментори ја обработуваат темата на медиумската писменост.

Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ го имплементира граѓанската организација Граѓански Патеки во партнерство со здруженијата ИКТ Свет, Журналист, Од млади за млади, Младинска Граѓанска Акција и Еко герила Преспа.

Со цел едукација на младите критички да ги разбираат медиумските содржини, продуциран е и Видео курс за медиумска писменост кој можете да го следите на веб платформата www.medialab.mk.

Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ се спроведува во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.

[post_tags]