Појадок во Дизниленд чинел 937 долари? За тие пари, Елза нека ја чисти кујната!

doruchek-so-princezi-za-937-dolari-za-tie-pari-elza-neka-mi-ja-chisti-kujnata

Појадок со принцези за 937 долари? За тие пари, Елза нека ми ја чисти кујната!/ Посетата на Дизниленд во Калифорнија треба да биде магиja, но за еден татко од САД, бајката заврши со шок за паричникот. Ги однел децата на популарниот доручек со принцезите, а кога ја видел сметката – се фатил за глава.

Појадок со принцези во Дизниленд – не е баш евтина авантура – го чинеше – речиси 1000 долари. Сметката веднаш ја објавил на социјалната мрежа X со саркастичен коментар:

doruchek-so-princezi-za-937-dolari-za-tie-pari-elza-neka-mi-ja-chisti-kujnata

„Доручек со принцези. Децата среќни. Јас? Замалку не ја исплукав кафата. Ако го најдам тој глушец – ќе го ограбам!“

А сумата? Вртоглави 937,65 долари за петмина – две деца и тројца возрасни. Сметката вклучува и напојница од 150 долари. Тоа се околу 187 долари по човек, за прилично скромен доручек.

На менито? Говедски стек, шкампи, шпаргли, полнети јајца и само еден Bloody Mary. Вкусно? Можеби. Но цената – „чисто магична“.

Реакциите на интернет не стивнуваат:

  • „Нема доручек што вреди толку!“
  • „За тие пари, принцезите нека ми носат кафе секој ден!“
  • „Следен пат, златен тост?“

Од Дизниленд велат дека ова е „незаборавен три-седен доручек со вашите омилени принцези“, со јастог, банана омоти, пржено тесто, а за најмалите – вафли во облик на Мики Маус.

Почетна цена? 123 евра по лице. Дел од корисниците коментираат: „Се’ пишува при резервација. Ако си изненаден – сам си виновен!“

Но едно е сигурно – за тие пари, најмалку што заслужуваш е концерт од Ариел, Бел и Елза, а можеби и чиста кујна!

[post_tags]